13.8 C
Скопје
15 септември, 2026
СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин изгуби 6% од својата вредност за еден ден

Цената на биткоинот продолжува да паѓа утрово, па така најпопуларната криптовалута изгуби скоро 6 проценти од својата вредност во изминативе 24 часа. Тоа е значителен пад во споредба со викендот, кога биткоинот во еден момент дури ја надмина границата од 60.000 долари и се приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.

Во текот на изминатиот ден, цената се движеше помеѓу 53.500 и 58.000 зелени линкови, а во моментов со дигиталната паричка се тргува по цена од околу 54.570 американски долари.

Аналитичарот на Блумберг, Мајк МекГлоун неодамна смело предвиде дека биткоинот ќе се искачи на ниво од 100.000 долари до крајот на месецот. МекГлоун беше еден од ретките аналитичари кои имаа храброст да предвидат дека биткоинот ќе скокне на ниво од 50 000 американски долари.

Поврзани вести

Растот на биткоин продолжува – надмина 53.000 долари

Влатко Зорба

Coinbase сака да додаде 44 нови криптовалути на своите платформи

Влатко Зорба

По MasterCard, и Visa воведува криптовалути

Влатко Зорба