СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои се најнеплатените професии во земјава?

Македонската статистика за септември покажува дека просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак, постојат и такви занимања во земјава што земаат просечна плата што е далеку под државниот просек.

Според статистичките податоци, дејност што има најниска просечна плата, помала од 20.000 денари, е заштитни и истражни дејности со 16.587 денари

Меѓу дејности чија просечна исплатена нето плата во септември не надминува 20.000 денари се и:

*рибарство и аквакултура со 17.442 денари.

*дејности за подготовка на оброци и служење на храна со 17.684 денари

*услуги поврзан со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со 17.819 денари

*туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив со 17.966 денари

*објекти за сместување со 19.224 денари и

*производство на мебел со 19.559 денари.

Поврзани вести

Како инвеститорите на Reddit го донесоа Бренсон до рекордно богатство?

Влатко Зорба

Украина повторно увезува струја од Русија

Влатко Зорба

VW смисли име за своето е-возило: Ќе се вика Voltswagen!?

Влатко Зорба