СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои се петте највлијателни лица во секторот за чиста енергија?

Глобалниот енергетски сектор претрпува голема трансформација. Транзицијата од традиционални фосилни горива кон обновлива енергија е во полн ек, а борбата против климатските промени продолжува да зема замав. Според перспективата на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за 2020 година, има силен раст на нови обновливи капацитети на глобално ниво, пишува Oilprice.

Според агенцијата, 200 гигавати зелена енергија се додадени во 2020 година, а обновливите извори на енергија (ОИЕ) се очекува да претставуваат 95% од растот на глобалниот енергетски капацитет до 2025 година. IEA предвидува дека ветерниот и сончевиот капацитет ќе ги засенат природните гас и јаглен соодветно во 2023 и 2024 година.

Сепак, секоја револуција бара присуство на лидери кои го даваат тонот и го водат процесот – и обновливата револуција не се разликува.

Во секторот дејствуваат некои од најголемите мозоци во енергетиката, вклучувајќи научници, иноватори, па дури и политичари.

Еве неколку од највлијателните луѓе кои ја водат револуцијата кон чиста енергија:

Елон Маск

Маск не е само еден од најбогатите и највлијателните луѓе во областа на обновливите извори на енергија, туку тој е и иноватор со високи достигнувања. Тој е мозокот кој стои зад Tesla Inc., најпрепознатливата марка на електрични автомобили во светот. Несомнено е дека електричните возила се иднината на мобилноста, со тоа што Велика Британија веќе определи краен рок од 2030 година за укинување на возилата со мотори со внатрешно согорување. Model 3 на Tesla е многу популарен, а компанијата се очекува да испорача 1 милион возила во 2021 година, откако испораките во 2020 година достигнаа скоро 500.000 единици.

На 21 декември, Tesla се приклучи на индексот на акции S&P 500, а компанијата може да се пофали со пазарна капитализација од 658 милијарди долари.

Tesla го контролира SolarCity, еден од лидерите во секторот за соларна технологија. Според UBS Research, минатата година Tesla беше лидер во станбени фотоволтаици, сочинувајќи 14% од сите станбени соларни инсталации во САД, благодарение на аквизицијата на SolarCity во 2016 година. Сепак, спојувањето на Sunrun-Vivint Solar минатата година може да ја промени динамиката на станбени соларни инсталации, бидејќи споената компанија има 16% удел на пазарот.

Од оваа недела, Маск веќе е најбогатиот човек во светот со нето вредност од скоро 190 милијарди долари, според „Forbes“.

Урс Холцле

Потпретседателот на Google за технолошка инфраструктура е во срцето на подвигот на американскиот технолошки гигант, кој во 2017 година стана првото големо име во Силиконската долина што ги напојува своите активности, вклучително и своите центри за податоци и канцеларии, со 100% обновлива енергија.

Google е една од ретките корпорации што се обврза да создаде долгорочни договори од големи размери за директно купување на обновлива енергија. Денес, компанијата е најголемиот корпоративен купувач на обновлива енергија во светот, со обврски кои достигнуваат 2,6 гигавати (2.600 мегавати). Ова е повеќе од количината на енергија, со која ја управуваат многу големи комунални услуги.

Минатата година Google потпиша договори за купување на повеќе од 2,7 GW чиста енергија ширум светот, најголемата обврска за чиста енергија на компанијата на глобално ниво. Ова вклучува договори за купување на 1,9 GW зелена енергија во шест земји.

Инженерите на Google поминуваат со години во усовршување на центрите за податоци, што ги прави 50% поефикасни во однос на енергијата од просекот во индустријата. Очигледно, за обработка на трилиони пребарувања на Google секоја година и репродукција на повеќе од 400 часа видеа на YouTube секоја минута бара многу енергија, а Google купува обновлива енергија за да го намали јаглеродниот отпечаток и да помогне во борбата против климатските промени.

Ричард Брансон

Сер Ричард Чарлс Николас Брансон е најпознат како основач на Virgin Group, глобален конгломерат со повеќе од 400 компании во различни индустрии. Брансон е силен поддржувач на мерките за справување со климатската криза, правејќи ја чистата енергија еден од најголемите приоритети на неговите компании преку неколку бизниси и добротворни организации.

По огромното уништување предизвикано од ураганите Ирма и Марија во 2017 година, Бренсон го искористи статусот на славна личност и врски за да го активира карипскиот климатски-паметен акцелератор, фонд за чиста енергија од 1 милијарда долари. Во август 2018 година, BMR Energy, подружница на Virgin Group, го купи соларниот парк во Сент Кроа, кој го врати до неговот полн капацитет, снабдувајќи скоро 1.600 домаќинства на островот.

Минатата година, Брансон предложи „дивиденда за чиста енергија“ за да го замени моделот за данок на јаглерод. Моделот за данок на јаглерод се користи од многу влади за ограничување на емисиите на јаглерод, но често е заобиколен од законодавството. Како дел од дивидендата за чиста енергија, компаниите ќе воведат дивиденда за чиста енергија на фосилните горива што ги користат со дивиденди инвестирани во производство на чиста енергија. Инвестирајќи во ОИЕ, компаниите ќе можат да ги враќаат своите инвестиции плус дивиденди со текот на времето.

Ендру Гарад

Еден од пионерите на модерната индустрија на ветер и поранешен претседател на Garrad Hassan. Гарад е визионер за чиста енергија, градејќи од нула една од најголемите консултантски компании за зелена енергија во светот.

Својата прва турбина на ветер успеал да ја изгради само на 18-годишна возраст, а неговата посветеност кон овој вид енергија продолжи и во следните 30 години. Тој е претседател на Европската асоцијација за ветерна енергија од 2013 до 2014 година. Тој исто така е претседател на британската асоцијација за ветерна енергија.

Тој го основаше Garrad Hassan во 1984 година и стана претседател на GL Garrad Hassan по спојувањето на неговата компанија со Germanischer Lloyd во 2009 година.

Во 2006 година ја доби наградата „Poul la Cour“ на Европската асоцијација за ветерна енергија за извонредни достигнувања во ветерната енергија; еквивалентната награда Eolus од Грчката асоцијација за ветерна енергија, а двапати ја доби и Наградата на Кралицата за меѓународно претприемништво.

Џенифер Гранхолм

Избраниот претседател на САД, Џо Бајден се очекува да ја номинира поранешната гувернерка на Мичиген, Џенифер Гранхолм за свој министер за енергија во обид да се справи со пречките за климатските промени.

Гранхолм целосно ја поддржува индустријата за обновлива енергија и постојано нуди решенија за климатските промени. Таа често разговара за разни еколошки прашања со зелени групи, повикувајќи го Бајден да ги одбие кандидатите за оваа функција кои имаат какви било врски со индустријата за фосилни горива.

Гранхолм се залага за зелена енергија, тврдејќи дека треба да се вложат сите напори да се запре создавањето енергија од фосилни горива и да се стимулира производството на обновлива енергија.

Веста за нејзината потенцијална номинација предизвика оптимизам кај активистите за заштита на животната средина, кои го истакнаа нејзиниот придонес за закрепнување на Мичиген од неодамнешната рецесија преку инвестиции во чиста енергија и транспорт.

Поврзани вести

Економијата на Велика Британија страда од најголемиот колапс во последните 300 години (инфографик)

Влатко Зорба

Од 2035 година, ГМ ќе произведува само електрични автомобили

Влатко Зорба

Медиумите во регионот: Платежната картичка „Купувам домашно“ пример за справување со кризата

msp-admin