СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои земји „создадоа“ најмногу милијардери во последната декада?

Освен пандемијата, што е во фокусот на јавноста веќе неколку месеци, во последно време многу често се споменуваат и милијардерите од листата на Forbes.

Од 2010-та до 2020-та година, Азија е вистински “расадник“ на милијардери. Во последната декада Кина е земјата што доби најмногу милијардери. Сега има вкупно 389 милијардери, не вклучувајќи ги 66-те милијардери од Хонг Конг. На почетокот на декадата, односно во 2010 година, во Кина имаше само 64 богаташи со сметки над милијарда долари.

И Тајланд бележи пораст на бројот на милијардер, од тројца во 2010-та на 20 оваа година. Во Сингапур пред 10 години имаше само четворица милијардери, а денес има 26. Индија е четврта земја по бројот на милијардери и забележува пораст од 108% во однос на 2010 година. Така, во оваа земја денес има 102 милијардери.

Четири од 10 земји со најмногу милијардери во Европа се: Германија, Франција, Швајцарија и Италија.

Forbes пишува и дека 18 земји коишто во 2010 година немаа ниту еден милијардер, денес можат да се пофалат барем со по еден, вклучувајќи ги Непал, Катар и Танзанија.

Поврзани вести

Кина го лансираше првиот 6G сателит

msp-admin

Маск во Берлин: Сè поретко ќе се случува некој да вози автомобил сам

msp-admin

БИТКОИН ТРЕБА ДА ВРЕДИ 400.000 ДОЛАРИ! Експертите тврдат дека потенцијалот за раст на криптовалутата е огромен

msp-admin