СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Компании вредни милијарди, што сè уште не се профитабилни

Претходно оваа година, Snapchat надмина 200 милиони дневно активни корисници – важен момент за технолошкиот стартап. Сега, осум години по основањето, Snap – компанијата која е сопственик на апликацијата за споделување фотографии (Snapchat) – се надева дека ќе достигне друг важен момент, имено, да започне да заработува пари. Таа е една една од многуте технолошки компании, вредни милијарди долари, што никогаш не остварила профит. Она што се случува е дека овие стартапи ги инвестираат парите, собрани од инвеститорите, во раст, и губат пари секоја година.

Инвеститорите остануваат да се надеваат дека компаниите еден ден ќе бидат профитабилни, што ќе им овозможи да заработат пари. Ова е случај со некои стартапи. На пример, Facebook за прв пат оствари профит пет години откако беше основана и ја зголеми својата добивка на 6,9 милијарди долари минатата година. Основана во 1994 година, Amazon не оствари профит до 2001 година, а до неодамна беше релативно слаба по овој индикатор.

Но, додека стартапите честопати имаат за цел да ги убедат инвеститорите дека се следниот Facebook или Amazon, ваквите приказни за успех не се толку вообичаени и патеките до профитабилноста може да бидат осудени на пропаст. Како и да е, податоците за инвестициите покажуваат дека банкарите сè повеќе сакаат да ги поддржуваат стартапите кои остануваат непрофитабилни за долг период на време.

Извештајот на Pitchbook објавен претходно оваа година покажува дека од 100 стартапи вредни повеќе од 1 милијарда американски долари за успешно завршување на првичната јавна понуда од 2010 година, 64% биле непрофитабилни. Минатата година, непрофитабилните компании кои станаа јавни се претставуваа подобро од профитабилните, се вели во публикацијата
Recode.

Business Insider претставува 9 компании кои се вреднуваат во милијарди, но сè уште не се профитабилни:

1. Snap

Основана: 2011 година
Тековна проценка на компанијата: 21,7 милијарди американски долари
Нето загуба во 2018 година: 1,3 милијарди американски долари

2. Zillow

Основана: 2004 година
Тековна проценка на компанијата: 8,38 милијарди американски долари
Нето загуба во 2018 година: 119,9 милиони американски долари

3. Square
Основана: 2009 година
Тековна проценка на компанијата: 29,6 милијарди долари
Нето загуба во 2018 година: 38,46 милиони долари

4. Uber
Основана: 2009 година
Тековна проценка на компанијата: 50,4 милијарди американски долари
Нето загуба во 2018 година: 1,8 милијарди американски долари

5. Lyft
Основана: 2012 година
Тековна проценка на компанијата: 14,59 милијарди американски долари
Нето загуба во 2018 година: 911 милиони долари

6. Pinterest
Основана: 2009 година
Тековна проценка на компанијата: 10,9 милијарди американски долари
Нето загуба во 2018 година: 63 милиони долари

7. WeWork
Основана: 2010 година
Тековна проценка на компанијата: 4,9 милијарди долари
Нето загуба во 2018 година: 1,6 милијарди американски долари

8. Spotify
Основано: 2006 г.
Тековна проценка на компанијата: 25,8 милијарди долари
Нето загуба во 2018 година: 78 милиони долари

9. Tesla
Основанa: 2003 г.
Тековно вреднување на компанијата: 59,3 милијарди долари
Нето загуба во 2018 година: 976 милиони американски долари

Поврзани вести

Microsoft ќе одвои 7,5 милијарди долари за гејминг компанија

msp-admin

Една кутија цигари отсега исклучиво со 20 цигари за да се дестимулира пушењето кај младата популација

msp-admin

Во време на криза: Walmart вработува 5.000 луѓе дневно

msp-admin