СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Kомпанија нуди работа којашто ќе биде платена со пијалак

Британската компанија The Local Gin ангажира дегустатори на џин. Во огласот за работа кој е објавен на нивната веб страна се наведува дека кандидатите мораат да бидат постари од 18 години, да се личности кои “уживаат во пиење на џин сервиран со тоник“ и да можат да “пружат искрени повратни информации“ на тимот на компанијата.

Кога се работи за потребните “алатки за работа“, на кандидатите им се потребни чаша, мраз и тоник, додека џинот ќе го обезбеди произведувачот на пијалакот.

Ако бидат избрани, кандидатите ќе бидат меѓу првите кои ќе пробаат низа на врвни пијалаци произведени во Велика Британија.

Работни места ќе добијат двајца избрани кандидати, работата започнува во 2021 година, но за почеток нема да биде платен. Наместо пари, дегустаторите ќе бидат платени со – џин.

Алкохолните пијалаци кои ќе го поминат тестот со вкусувањето, ќе бидат вклучени во пакети за клиенти кои ќе ги плаќаат по 40 фунти.

Поврзани вести

Авиокомпаниите, кои најмногу летаат во Европа

msp-admin

Германија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата барем до 2025 година

Влатко Зорба

Амазон ќе отвори три канцеларии во Романија и ќе вработи 500 лица до крајот на 2021 година

Влатко Зорба