СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Со добивка од 80 милиони евра, ЕСМ ќе развива проекти кои ќе придонесат кон подобрување на животната средина

Во изминатата деценија, зголемените трошоци за енергетика, не дозволуваа развој на енергетските компании во постапките за борба против аерозагадувањето.

Зголемувањето на потрошувачката на енергетски горива и останати енергетски потенцијали ја наметна потребата од посериозно третирање на енергетската ефикасност, а вистинските регулативи но и имплементацијата ќе придонесат кон решавање на клучниот проблем кај нас – аерозагадувањето или ќе придонесат за почист воздух.

Во последните 2 години, со намалување на давачките на енергетските снабдувачи реално се создадоа нови можности за имплементирање на проекти кои се од исклучителна важност за намалување на емисиите на издувните гасови.

Денес, со добивка од 80 милиони евра ЕСМ (ЕЛЕМ) има можност да развива нови проекти кои ќе придонесат кон подобрување на животната средина и аерозагадувањето.

Конктретно, ЕСМ (ЕЛЕМ) во 2020 година планира да спроведе проект во кој е предвидено намалување на емисиите на издувни гасови за 20%, зголемување на користењето на обновливи извори на енергија за 20% и зголемување на енергетската ефикасност за 20% – “ Европа 2020 ” за паметен, одржлив и сеопфатен развој („Europe 2020, A strategy for smart, sustainable and inclusive growth”). Конкретно со овие мерки се планира да се придонесе кон подобра, поквалитетна иднина за идните генерации, но и ќе се отворат нови работни места.

Планот е да се имплементира извршувањето на поголема низа на активности со иста или помала количина потрошена енергија и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата. Воедно сето ова води кон правец на следење на препораките од усвоените стратегии за енергетска ефикасност за енергетика и за обновливи извори, кои предвидуваат намалување на енергетската потрошувачка за 9% од крајните корисници до 2018 споредбено со потрошувачката од 2002-2006 година.

Поврзани вести

Пивара Скопје освои највисоки награди од Министерството за економија за проектите за едукација на младите и за етичко управување

msp-admin

„Колонијал“ крие дека на хакерите им платил 5 милиони долари во криптовалута само за да пуштат гориво

Колку трансакциски сметки се блокирани минатата година?

msp-admin