СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ковид 19 ги замрси конците на пивската компанија

Пивската компанија AB InBev не е меѓу оние кои профитираат од корона вирусот. Најголемиот производител на пиво, AB InBev соопшти дека изгубил 170 милиони долари профит во првите два месеци од 2020 година, поради глобалното ширење на корона вирусот, пишува Бизнис Инфо.

Од компанијата, во чија сопственост се BUD, ABI, Stella Artois и Corona, велат дека загубата на вкупниот профит изнесува 285 милиони долари. Тие ја споредиле заработката во последниот квартал, заклучно со 31 декември 2019 година и изнесува 114 милиони долари, за разлика од 456 милиони долари коишто ги заработиле во последниот квартал 2018 година.
Предвидуваат дека заработката во првиот квартал ќе им падне за 10% и наведуваат дека минатата година била разочарувачка, а бонусот на извршниот директор ќе биде скратен.

Со оглед на тоа што нивната мантра е дека пивото ги спојува луѓето, Ковид – 19 им ги замрси конците, бидејќи луѓето во Кина не излегуваат од дома и не се дружат, а испораките на пиво во оваа земја значително опаднале.

Извршниот директор, Карлос Брито вели дека ги бодри своите вработени укажувајќи им дека природно е во бизнисот работите секогаш да не одат по нагорна линија.

Поврзани вести

ОКТА прва компанија во државата со „CoVid-Shield“ сертификат

msp-admin

Глобалната трговија со храна ќе генерира приходи од 370 милијарди евра до 2022 година

Влатко Зорба

Луѓето бегаат од Њујорк: Становите се празни, притисок врз цените на недвижностите

msp-admin