СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Крофна економија“ станува реалност за многумина

Од сите европски градови, Амстердам се издвојуваше по својата „крофна економија“ (doughnut economics), односно реши да го заснова својот план за закрепнување на овој принцип.

Оваа тема е актуелна од минатата година, а кризите како што е оваа пандемија (првенствено здравството) честопати се поврзани со општата социјална и економска состојба во земјата (светот). Сепак, холандската престолнина е на добар пат да ја претвори оваа криза во шанса.

Што е „крофна економија“? Во наједноставни и најопипливи термини – принцип што вклучува размена на облека, наместо купување, бесплатно земање храна (овошје и зеленчук) од пазарот, што претходно е одбиено од супермаркетите; всушност, се сè врти околу климатските промени.

Сега, како што пишува Си-Ен-Би-Си, економијата сè повеќе ја почитува „крофна економијата“, а британскиот економист и автор на книгата „Doughnut Economics“, Кејт Роворт, вели дека е прашање на време кога овој модел ќе стигне до „националното ниво”. Во април 2020 година, Амстердам официјално стана првиот град во светот што воведе „крофна економија“.

Во својата работа, Роворт понатаму наведува дека овој метод е всушност „компас за напредок на човекот“ и дека тој ја претвора дегенеративната економија од минатиот век во регенеративна во овој век. Целта е да се осигури дека никој нема недостаток на суштински работи: од вода и храна, до политички глас.

Сепак, едно е теорија, а друго е пракса, а прашањето е колку долго може да се вкорени „крофна економијата“, особено во помалку развиените земји. Се сугерира дека социјалната правда и животните вредности се во првите редови. Исто така, останува прашањето колку „крофната“ им одговара на некои моќни луѓе?

Нејзиниот основен принцип е да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, а „крофна економијата“ во Амстердам исто така стана дел од стратегијата на градот да ја постигне својата долгорочна мисија, а тоа е преминот кон циркуларна економија. Градот има план да ја преполови употребата на суровини до 2030 година, и целосно да стане циркуларна до 2050 година.

Како резултат на нарушената економска слика, како и поради повисокото ниво на еколошка свест, сè повеќе европски градови преминуваат (делумно) кон овој модел.

Околу 55% ​​од населението кое живее во светските градови е одговорно за повеќе од 70 проценти од емисиите на СО2, а се предвидува дека побарувачката на градовите за материјални ресурси ќе се зголеми од 40 милијарди тони во 2010 година на дури 90 милијарди тони во следните 30 години.

Поврзани вести

„Airbnb“ за патувањата во 2021 година: На што можат да се надеваат туристите?

Влатко Зорба

ЕУ: 100 милиони дози вакцини месечно од април

Влатко Зорба

Грција преговара со Фолксваген за производство на електрични возила

msp-admin