СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ништо од фабриката „Фолксваген“ во Турција

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ објави дека се откажува од изградба на нова фабрика во Турција, затоа што повеќе не е потребна.

Германскиот автомобилски гигант објави дека се откажува од фабриката во Турција, поради остриот пад на побарувачката за автомобили ширум светот, предизвикан од пандемијата и дека не треба нови производствени капацитети.

Фабриката, која требаше да биде изградена во Маниса, на егејскиот брег на Турција, за 1,3 милијарди евра, требаше да произведува 300.000 VW Passats и Skoda Superb годишно од 2022 година за Источна Европа и Блискиот исток.

Проектот за изградба на фабрика во Турција предизвика спротивставување од германските синдикати и беше уште поостро критикуван и запрен минатата година, откако Турција испрати армија во Сирија.

Фолксваген најави дека ќе го реализира планираното производство на возила во постојните фабрики.

Поврзани вести

Шефот на „Џеј Пи Морган“: Работата од дома несоодветна за младите

Facebook ќе им плати на илјадници корисници привремено да ги деактивираат профилите

msp-admin

Tesla создава своја социјална мрежа

Влатко Зорба