СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

„Тeсла“ се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година

Тeсла“, компанијата за производство на автомобили на Илон Мaск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година.
Според пазарната вредност, таа ја надмина „Тојота“ и стана највредниот производител на автомобили во светот. „Тојота“ е на второто место, додека „Тесла“ е повеќе од двојно вредна од „Фолксваген“.
Најновите податоци покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 184 милијарди американски долари, што е за 4,3 милијарди повеќе од „Тојота“.
„Тесла“ исто така е повредна од „Кока-Кола“, „Дизни“, „Циско, „Мерк“ и „Ексон Мобил“.
Во изминатата година, акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 350 проценти, достигнувајќи проценета вредност седум пати поголема отколку во исто време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е преценета, со оглед на количината автомобили испорачани во светот.

Многумина сметаат дека „Тесла“ е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, „Тесла“ испорача нешто помалку од 400.000 електрични возила во светот.Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од „Тесла“. 

Поврзани вести

АХВ: Спроведни 738 вонредни контроли – констатирани пропусти, издадени решенија за нивно остранување

Берта Китинска

Национални Енергетски Ресурси продаде 1,620 обични акции за 162.000 евра

Влатко Зорба

МОТ: Кризата ќе влијае на над 80 отсто од работната сила

msp-admin