СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

На Европа и требаат 300 милијарди евра за 5G мрежа

Европа треба да внесе 300 милијарди евра (355 милијарди долари) во телекомуникациската инфраструктура до 2025 година, ако сака да воведе супербрза 5G мрежа во блокот од 27 нации за да го зајакне економскиот раст и да ги искористи потенцијалите на технологијата, според студија објавена денес од консултантската фирма „БЦГ“.

Студијата, нарачана од групата за телекомуникациско лобирање „ЕТНО“, доаѓа во време кога Европската унија се надева дека 5G ќе го извлече од рецесијата предизвикана од пандемијата „Ковид-19“ и ќе овозможи да заземе водечка улога во областа на „Интернет на нештата“,односно уреди поврзани на мрежата, пренесе Ројтерс.

Сепак, телекомуникациските оператори на ЕУ не сакаат да инвестираат во 5G мрежи, кои можат да поддржат паметни фабрики и автономни автомобили, поради високите трошоци и велат дека строгите правила на ЕУ за монопол не ги спречуваат да ги здружат силите во овие скапи проекти.

„Потребни се 150 милијарди евра за да се постигне целосно 5G сценарио во Европа, додека потребни се дополнителни 150 милијарди евра за да се заврши ажурирањето на фиксната инфраструктура за гигабитни брзини“, се наведува во извештајот.

Телекомуникациските оператори исто така се разочарани од доцнењето на тендерот за 5G спектарот, односно за распределбата на фреквенциите, поради преориентирање на фокусот на земјите-членки кон пандемијата.

Студијата сугерира неколку мерки што владите и регулаторите би можеле да ги применат за зајакнување на телекомуникациската индустрија.

„Еден од овие чекори е усвојување на нови модели на сопственост, вклучително и доброволно споделување на инфраструктурата, што може да го забрза распоредувањето на мрежата, да го намали вкупното влијание врз животната средина и да го зголеми преносот на знаење меѓу партнерите“, се вели во извештајот.

Олеснување на правилата за да им се овозможи на давателите на телекомуникациски услуги да соработуваат и да инвестираат заедно, или одвојување на изградбата на инфраструктурата од бизнисот со обезбедување телекомуникациски услуги за бизнисите, исто така се дел од предлозите дадени во студијата.

Конечно, се предлага на европските оператори да им биде дозволено да монетизираат сообраќај на податоци на нивните мрежи за да ги достигнат ривалите како Гугл, Фејсбук, Мајкрософт и други технолошки гиганти.

Поврзани вести

Инженер украл 26.000 доверливи документи и трговски тајни од „Тесла“

Влатко Зорба

Авиокомпаниите, аеродромите и производителите на авиони на работ на пазарна егзистенција

Влатко Зорба

Во Македонија 964 илјади работоспособни граѓани: Мажите и натаму подоминантни од жените