СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Почнува дупчењето во црногорскиот дел на Јадранот, се бара нафта и гас

Првото истражувачко дупчење за извлекување нафта во црногорското приморје започнува утре, во организација на руско-италијанската компанија „Ени-Новатек“.

Платформата за дупчење „Topaz Driller“ пристигна во Црна Гора во средината на март, а операцијата во морето недалеку од Улцињ треба да трае 180 дена. Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора соопшти дека првото наоѓалиште на нафта ќе биде на длабочина од 6,525 метри, а тоа на гас на помала длабочина.

Владата очекува дека Црна Гора ќе има значителни придобивки и дека ќе биде една од водечките економски гранки што ќе ја намали зависноста на државната економија од туризам.

Концесионерите „Ени“ и „Новатек“ извршија 3Д-сеизмички истражувања на крајот на 2018 година, а во текот на 2019 година беа обработени собраните податоци, како и геолошки и геофизички студии. На почетокот на 2020 година заврши геомеханичкото испитување на почвата на микролокациите, со цел да се утврдат геомеханичките својства на морското дно.

Црна Гора досега склучи два договори за концесија за истражување и производство на нафта и гас, првиот со конзорциумот „Ени-Новатек“ во 2016 година и вториот со грчката компанија „Енергеан“ година подоцна. Компанијата, како што беше најавено, е во фаза на барање партнер за проектот.

Еколошките невладини организации веруваат дека истражувањето може да ја загрози животната средина, а нивната позиција е поддржана од жителите на Улцињ, туристички град со повеќе од 15 километри песочни плажи.

Поврзани вести

Доларот зајакнува трета недела по ред во однос на кошницата со валути

Влатко Зорба

Пекевски: Менаџерите треба да инвестираат во професионализмот бидејќи без тоа нема раст

msp-admin

100 милиони работници ќе треба да бараат нова работа во западните земји

Влатко Зорба