20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Лидл“ со паричен стимул за вработените кои ќе се вакцинираат

Германскиот ланец за попусти на супермаркети „Лидл“ им понуди на сите свои вработени во САД кои се вакцинирани против Ковид-19, дополнителни 200 долари откако вакцината ќе стане подостапна во сојузните државите.

„Лидл“ ја објави понудата по слични потези на нејзините конкуренти на американскиот пазар како „Алди“ и „Долар Џенерал Корп“, како и компанијата за испорака на намирници „Инстакарт“, пренесе Ројтерс.

Паричниот стимул на „Лидл“ за вакцинирање е меѓу најголемите што компанијата некогаш им ја понудила на своите американски работници.

„Лидл“ рече дека нејзините вработени покажуваат голем интерес за вакцинирање, повикувајќи се на интерно истражување во кое скоро осум од 10 работници изјавиле дека планираат да се вакцинираат веднаш штом вакцината е достапна.

„Лидл“ ги продава своите производи во повеќе од 125 продавници низ девет американски држави на источниот брег.

Поврзани вести

Филип Морис Интернешнел добитник на наградата за најиновативна компанија за 2020 година

msp-admin

Едукативно видео на НБ за безбедно користење услуги од електронското банкарство

msp-admin

Најдолгиот тренд на пад на доларот во последните 10 години

msp-admin