СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Луксузните брендови ги зголемија цените за да го надоместат изгубеното поради затворањето на продавниците

Луксузни брендови од Шанел до Луј Витон ги подигнаа цените на повеќето од нивните најпосакувани производи за да го надоместат изгубениот профит за време на затворањето поради пандемијата од коронавирус, пренесува Ројтерс.

Шанел најави дека ќе ги зголеми цените на нејзините престижни чанти и помалите кожни производи од пет на 17 проценти, бидејќи цените на одредени суровини скокнаа поради пандемијата.

Луј Витон изјави дека растот на продажбата од 50 проценти е забележан во Кина минатиот месец, но ги зголеми цените на своите чанти во САД и Европа.

Како пример, се наведува дека торбата „Neverfull MM“, која чини 1.500 долари преку Интернет, би можела да се купи на почетокот на мај за 1.430, а минатиот октомври за 1.320 долари, што претставува пораст на цената од скоро 14 проценти.

Луј Витон одби да коментира за Ројтерс за зголемувањето на цената.

Во Кина и Јужна Кореја, луѓето стојат во линија пред продавниците на Шанел, бидејќи започнаа гласините за зголемување на цените.

Режисерот на документарни филмови Кси Лан изјави дека успеала да ја купи торбата за 30.000 јуани, или 4.225 долари пред зголемувањето на цената.

„Работата е стресна и сакав да си дадам оддишка“, изјави таа за Ројтерс.

Поврзани вести

„ToMontenegro“ „полетува“ во февруари?

Влатко Зорба

Анѓушев: Растот поддржан од реални мерки, без задолжување на државата

msp-admin

Телеком лани со добивка од 1,5 милијарди денари

msp-admin