СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Lyft очекува да оствари профит една година порано од очекуваното

Компанијата за споделено патување Lyft, очекува да оствари профит, пред фактори како што се даноци, такси, камати и амортизација, една година порано од прогнозата на аналитичарите, велат нејзините основачи, цитирани од „Волстрит Журнал“.

Прогнозата за профитабилноста до крајот на 2021 година е прва јавна заложба на Lyft за навремено постигнување на оваа цел. Lyft и нејзиниот поголем ривал Uber Technologies се под притисок на инвеститорите да покажат дека можат да генерираат профит и да продолжат да растат.

Компаниите, кои станаа јавни претходно оваа година, поставија рекорди за најголема загуба за американски стартап во текот на 12 месеци пред првичните јавни понуди.

Во август, Lyft предвидува дека нејзините приходи за 2019 година ќе достигнат од 3,47 до 3,50 милијарди американски долари, во споредба со претходниот опсег од 3,28-3,30 милијарди долари. Компанијата вели дека очекува нејзината загуба за 2019 година да биде помеѓу 850 и 875 милиони долари.

Акциите на Lyft завршија со тргувањето во вторникот со повеќе од 6% раст на вредноста на повеќе од 43 американски долари по акција, откако веста за прогнозата беше објавена за време на конференцијата WSJ Tech Live.

Акциите на Uber пораснаа за околу 6 проценти на 33 американски долари, под онаа од нивната првична јавна понуда од 45 долари.

Главниот извршен директор на Lyft, Логан Грин, рече дека односот на пазарот се свртел кон компаниите, кои значително трошат за да се постигне поголем раст.

Она што помага за да се ограничи загубата е намалувањето на купоните и другите стимулации на кои што се потпираат Lyft и Uber во голема мерка за да привлечат возачи и патници додека се натпреваруваат за удел на пазарот во САД. И двете компании ги одржуваа своите цени вештачки ниски.

Претседателот на Lyft, Џон Зимер изјави дека компанијата нуди помалку купони и цените на превозите се нормализираат.

Поврзани вести

Работа од дома и без диплома: 10 најплатени работни места

msp-admin

Автомобилскиот пазар во ЕУ го забележа најмрачниот јануари во својата историја

Влатко Зорба

Тојота развива нов мотор на водород

Влатко Зорба