„Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите работници да работат трајно од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа, ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, според информативната страница „The Verge“.
Додека огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт“ работи од дома поради пандемијата КОВИД-19, производителот на софтвер внатрешно претстави упатства за „хибридното работно место“ за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува „The Verge“
Интернет гигантот вработи 163.000 лица на 30 јуни, од кои 96.000 во САД.
„Мајкрософт“ ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а на менаџерите да работат од далечина трајно“, пишува „The Verge“.
ИТ гигантот го прифати тој систем замислен во високотехнолошкиот сектор, како Фејсбук, кој овозможува постојана работа од дома.
Сепак, вработените во компанијата ќе мора да се откажат од работните места, но ќе можат да ги користат просторите за контакт во канцелариите на компанијата, пренесе „Франс прес“.
„Пандемијата КОВИД-19 нè принуди да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин“, рече Кетлин Хоган, извршен директор на „Мајкрософт“.
„Некои работни места нема да можат да се вршат од далечина цело време, како што се оние што бараат пристап до лабораторија за истражување на софтвер, центри за податоци или обука на вработените“, додаде таа.
Канцелариите на „Мајкрософт“ нема да бидат отворени до јануари 2021 година.
Шефот на Фејсбук, Марк Закерберг изјави за „The Verge“ дека половина од работниците на социјалната мрежа можат да работат трајно од дома во следните пет до десет години.