СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонија има скромен удел во извозот на литиум – јонски батерии

Во 2019 година, на глобално ниво извозот на литиум – јонските батерии достигна вредност од три милијарди долари, што е пораст од 2,3% во споредба со 2018 година.

САД се најголем извозник на литиум – јонски батерии со удел од 15% и заработка од 442,9 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници во светот се и: Индонезија (387,7 милиони долари), Хонгконг (315,3 милиони долари), Кина (311,4 милиони долари) и Сингапур (266,7 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на литиум – јонски батерии е Словенија со 2,6 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (1,1 милион долари), Србија (761.000 долари), Бугарија (378.000 долари), Хрватска (370.000 долари), Црна Гора (176.000 долари) и Босна и Херцеговина (22.000 долари).

Македонија има скромен удел во извозот на овој вид батерии, што најчесто се користат за напојување на мобилни уреди, со само 2.000 долари или 33,3% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Поврзани вести

Mercedes го објави својот најмоќен сериски модел (ФОТО)

Влатко Зорба

Усје со добивка од 191,6 милиони денари го заврши првото тримесечје

msp-admin

Потпишан договорот за државна помош со чешката компанија Локо Транс (ВИДЕО)

msp-admin