СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Со медијација до брзо и успешно решавање на деловните спорови

Со Меморандум за соработка Комората на медијатори ја зацврсти соработката со Академијата за судии и јавни обвинители на прес конференцијата во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Меморандумот го потпишаа претседателот на Комората на медијатори, г. Славе Младеновски и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска во рамки на првиот Центар за медијација формиран според европски модел во Сојузот на стопански комори.

Определбите на Комората на Медијатори стана содржина на Меморандумот за соработка со Академијата на судии и обвинители и заеднички се преточени во конкретни области и активности за реализација.

„Во Комората постои неподелено мислење, медијацијата да ја направиме да биде постапка, која за страните во спорот е прво, единствено и последно решение во доаѓањето до заеднички договор со што ние сме ја завршиле успешно нашата работа како медијатори. Наши конкретни задачи и активности во наредните период се запознавање на граѓаните и институциите со можностите и со позитивните карактеристии на медијацијата во насока на намалување на водењето парница во судска постапка и на намалување на степенот на конфликтност со мирно решавање спор. Тоа мислиме да го направиме преку соодветни обуки работилници и предавања. Во овој поглед станува збор активности во кои како учеасници би биле претставници од правосудниот систем, претставниците од бизнис секторот, граѓанскиот сектор и новинарите“, истакна Младеновски и додаде дека за медијаторите од суштинска важност е промоцијата и афирмацијата на медијацијата како соодветно, практично и ефикасно решение за решавање спор кое мора да биде во интерес на двете страни.

По потпишувањето на Меморандумот деловната заедница во Сојузот, во рамки Центар за медијација при ССК, кој официјално започна со работа на 17 јули годинава, го проследи предавањето на лиценцирани медијатори, претседателот Славе Младеновски и Дејан Белевски претседател на Надзорен Одбор на Комората на медијатори, на тема: „Медијацијата и Бизнисот – брзо решавање спор потреба и цел“.

Целта е деловната заедница што поконретно да се запознае со предностите на медијацијата со која страните го решаваат својот спор со помош на трета неутрална страна – медијатор. Медијацијата е доброволна, неформална, доверлива, брза и слободна постапка. Медијаторот на двете страни им помага да дојдат до решение на заемно задоволство, односно крајниот исход на медијацијата е двете страни да бидат победници. Вештината на медијаторот се состои во периодот на запознавање на страните со постапката на медијација да им даде колку што е можно повеќе корисни информации. Постапката на медијација, според Законот не смее да трае повеќе од 60 дена, но праксата покажува дека спорот се решава после само неколку состаноци.

Последниве две години во земјава има напредок во бројот на предмети решени со медијација. Медијацијата може да придонесе да се подобри сликата во судството во поглед на евроинтеграциите, затоа што таа во европските агенди, е еден од клучните елементи и „еден од столбовите на кои се потпираат натамошните реформи во правосудството на ниво на Европа. Комората на медијатори бележи над две илјади предмети за 2017/18 година што покажува дека напорот на медијаторите може да донесе резултати.

Поврзани вести

Forbes откри 50 нови милијардери во областа на здравството

msp-admin

Прашање што открива дали сте просечен работник

msp-admin

Цените на куќите во САД се зголемуваат со најбрзо темпо во последниве 7 години

Влатко Зорба