СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Милионска казна за Grindr за нарушување на приватноста

Grindr има рок до 15 февруари да одговори на наводите за приватност, по што агенцијата за заштита на податоците ќе донесе конечна одлука за тој случај.

Норвешката агенција за заштита на податоци објави дека планира да ја казни апликацијата за состаноци Grindr во износ од 100 милиони норвешки круни (9,6 милиони евра) за нелегално откривање на кориснички податоци за огласувачите.

Американската Grindr, која е опишана како најголемата апликација за истополови состаноци во светот, не одговори на барањето за коментар.

„Нашиот прелиминарен заклучок е дека прекршувањата се многу сериозни“, објави норвешката агенција, најавувајќи рекордна казна од приближно 10 проценти од проценетиот глобален годишен приход на Grindr, пренесува „Зимо“.

Grindr има рок до 15 февруари да одговори на наводите за нарушување на приватноста, по што агенцијата за заштита на податоците ќе донесе конечна одлука за тој случај.

Норвешките власти изјавија дека Grindr сподели детални податоци за корисниците со трети лица вклучени во рекламирање, како што се IP адреса на корисникот, ID на рекламирање, GPS локација, возраст и пол. Во некои случаи, споделувањето лични податоци може да стане прашање на физичка безбедност доколку корисниците се во земји каде хомосексуалноста е нелегална.

Поврзани вести

Apple ја врати круната на пазарот на паметни телефони

Влатко Зорба

Huawei може да ја заврши годината со испорачани 230 милиони смартфони

msp-admin

Не очекувајте електричен автомобил од Ферари во скоро време

msp-admin