СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Многу скоро светот може да има нов најбогат човек – и тоа ќе биде Елон Маск

Претприемачот Елон Маск имаше неверојатна 2020 година, но новата година за него започнува уште подобро. И ова главно се должи на фактот дека тој е на чекор од тоа да стане најбогатиот човек на светот.

Најновото „рели“ на акциите на „Тесла“ во средата, по кое тие пораснаа за 2,8% во вредност, го стави на растојание од само 3 милијарди долари зад основачот на Амазон, Џеф Безос, кој во моментов е на прво место по богатство во светот, според Bloomberg Billionaires Index.

По новиот скок, нето-вредноста на Маск сега изнесува 181,1 милијарди долари во средата, што значи дека при нов скок на акциите, тој може да го престигне Безос, кој е на оваа позиција од 2017 година.

Главниот придонес кон ова беше рекордното поскапување на акциите на „Тесла“, откако за последните 12 месеци нивната цена се зголеми за 743%. Во декември, тие беа додадени на основниот индекс „S&P 500“ на Волстрит.

Сепак, „Блумберг“ посочува мал детал што може да донесе неколку десетици милијарди на сметката на Маск. Тој поседува 20% удел во производителот на електрични автомобили, но исто така поседува нереализирана заработка од опции на акции од околу 40 милијарди долари.

Сепак, изминатата 2020 година не беше толку успешна само за него. Топ 500 најбогати луѓе во светот успеаја да додадат рекордни 1,8 трилиони долари во комбинирано богатство во овој период, што е зголемување за 31% во однос на претходната година.

Сепак, богатството беше непропорционално, а првите 5 најбогати луѓе во светот заработија 100 милијарди долари, додека остатокот од првите 25 додадова само 50 милијарди долари на свое конто.

Поврзани вести

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последната година

Влатко Зорба

Маск веќе размислува на кого да ги подари парите

Влатко Зорба

Дарежлива помош за 5 сектори: Оваа европска земја има мисија да спречи ширење на сиромаштија

Влатко Зорба