Техничките индикации на биткоин се во лоша форма по огромниот пад на неговата цена минатата недела и може да бидат потребни месеци за да се опорави, изјавија Fundstrat Global Advisors LLC, цитирани од „Блумберг“.
Најпознатата криптовалута се тргуваше околу 40% под просекот во февруари, со особено забележителен пад помеѓу 12 и 13 март, кога изгуби повеќе од 3.000 доалри од својата вредност за околу 16 часа.
„Колапсот на дигиталната валута во текот на изминатата недела ја одразува паниката од типот „да изгубам се“ која преовладува во сите класи на средства, без оглед дали се „прибежишта“ (обврзници и злато) или не (акции)“, рече техничкиот стратег Роб Слемер. „Постојат мали издигнувања и мали падови за биткоин, што го прави доста ранлив на долг рок“, додаде тој.
Сепак, според Слејмер, сликата не е толку мрачна. Биткоин остана над својот просек во последните 200 недели, што е важно за долгорочно структурно ниво за повеќето класи на средства.
Сепак, „признаваме дека на биткоин веројатно ќе му требаат месеци консолидација за да се санираат неодамнешните технички штети“, рече тој.
Оваа недела, најпрепознатливата дигитална валута се зголеми за скоро 15% за повторно да се искачи над нивото од 6.000 американски долари. Од 10:27 по македонско време, биткоин се разменуваше за 6,640.95 долари, покажува „Коиндеск“.
„Имаше многу повеќе нарачки да се купат кога цената на криптовалутата беше под 5.000 американски долари, а тоа јасно покажува пресврт на негативниот тренд“, вели Виџај Ајар од Luno.
Бидејќи индустријата го приближува очекуваното „преполовување“ – планирано намалување на стапката на „копање“ на биткоин за борба против инфлацијата – Ајар рече дека цените би можеле да се задржат за кратко за околу 6.500 американски долари пред да се сместат во опсегот од 3.000 до 6.000 долари до следниот циклус на „биковиот“ пазар.