СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

На што најмногу потрошија Американците додека ги чекаа резултатите од изборите?

Независно од тоа дали се за Трамп или Бајден, Американците беа единствени во купувањето додека ги исчекуваа изборните резултати.

Чекајќи ги резултатите од претседателските избори, Американците потрошија повеќе на храна, пијалаци и марихуана од вообичаено.

Компанијата за достава на алкохол, Drizly, информира дека во однос на претходните четири вторници, побарувачката пораснала за 68%. Во главниот град Вашингтон, таа е зголемена за 133%, во Њујорк за 110%, а во Лос Анџелес 35%.

Во таканаречените “демократски“ сојузни американски држави, во коишто работи Drizly, побарувачката пораснала за 75%, а во “републикански“ држави порастот бил 33%.

Најголем дел од алкохолните пијалаци отпаѓа на вино (42%), па следат жестоки пијалаци (41%) и пиво (15%).

Компанијата Eaze, којашто продава марихуана, имала за 17% поголема побарувачка во Калифорнија во споредба со претходниот вторник.

Според она што најмногу се пребарувало на Google, биле фразите: пица, кинеска храна, суши и мексиканска храна во близина.

И пицериите можат да им се заблагодарат на претседателските избори, бидејќи за трипати им беа зголемени порачките во однос на вообичаениот промет во тој дел од денот и неделата.

Поврзани вести

ЕЦБ не може да отпишува долгови, вели Лагард

Влатко Зорба

„Баумер“: Критериумите тука се исти како и оние во Швајцарија или во Германија (ВИДЕО)

msp-admin

Продолжениот викенд од 10 до 12 октомври ќе биде „Викенд без ДДВ“

msp-admin