СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Надела откри клучен квалитет за успех во животот

Истакнати менаџери и претприемачи честопати ги споделуваат со заедницата своите вредни совети за успех во животот. Една карактеристична особина на човекот ја потенцираше Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, на „Hello Monday“ на LinkedIn.

Според него, љубопитноста е единствениот квалитет на една личност што може да му донесе успех во неговиот живот.

„Мора да бидете многу љубопитни да учите“, вели тој.

„Учејќи нови работи, мислам дека можам да го применам тоа знаење во мојата работа“, вели Сатја Надела. Дури и сега, како извршен директор на Microsoft, тој се обидува да најде непознати работи за да ги разбере.

Со цел да го надполни своето знаење, Надела го поминува целото свое слободно време читајќи книги за најразновидни полиња на човековата активност.

Интересна карактеристика е што тој секогаш има пред себе повеќе книги, отколку што може да прочита.

Поврзани вести

Побарувачката на Кнауф производите е во постојан раст насекаде во светот

msp-admin

Џек Ма: Кинескиот тајкун кога короната го направи среќен

msp-admin

Вежбајте со Неотел и CROSSFIT Скопјe и #ОСТАНЕТЕЗДРАВИ

msp-admin