СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Намаленото саудиско производство ги зголеми цените на нафтата на 57 долари

Цените на нафтата се зголемија во вторникот на меѓународните пазари близу 57 долари, водени од помалото снабдување и очекувањата за пад на залихите во САД, што ја втурна во позадина загриженоста за порастот на заразените од коронавирус низ целиот свет.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 79 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 56,45 долари. На американскиот пазар, барелот порасна 89 центи и се тргуваше за 53,14 долари.

Саудиска Арабија планира да го намали производството во февруари и март за дополнителни милион барели дневно за да сопре натрупување на залихи.

„Со дополнителни доброволни намалувања на производството, Саудиска Арабија се погрижи пазарот да биде барем недоволно снабден“, рече Еуген Вајнберг од „Commerzbank“.

Саудиските кратења се составен дел од договорот на водечките производители, според кој повеќето од нив треба да го намалат производството во февруари како и порано. Во моментов се намалува за вкупно 7,2 милиони барели дневно.

Минатата година, договор на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници за ограничување на производството ги зголеми цените на нафтата од историски ниските нивоа што ги спуштија во април, погодени од ограничувањата на мобилноста во времето на епидемијата на коронавирус.

Цените денес исто така ги поддржуваат очекувањата дека новите неделни податоци за залихи во САД ќе покажат пад, петта недела по ред. Аналитичарите проценуваат дека паднале за 2,7 милиони барели.

Институтот за нафта на САД ќе објави извештај во текот на денот, а Владата утре.

Доброто расположение на пазарот го поткрепуваат и подобрените изгледи за економски стимул во САД, откако новоизбраниот претседател Џо Бајден, кој ќе ја преземе должноста на 20 јануари, вети „милијарди“ помош во кризата со корона.

Поизразениот пораст на цените беше попречен од загриженоста за побарувачката како резултат на континуираниот раст на бројот на новозаразени со коронавирус,

Кинеските власти воведоа нови ограничувања во областите околу Пекинг денес, а Јапонија ќе ја прошири вонредната состојба надвор од главниот град.

Одделно, ОПЕК на својата веб-страница утрово објави дека цената на барел референтната корпа нафта на нејзините членови е 54,76 долари во понеделникот, што е за 37 центи повеќе од претходниот работен ден.

Поврзани вести

По Естонија, и Грузија издава визи за „дигиталните номади“

msp-admin

Дис: Не го продаваме Бугати на Римац, одговорноста е на Порше

Влатко Зорба

Како во кризни времиња се „родија“ најуспешните стартапи

msp-admin