СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство доби донација од „Жито Лукс“

Денеска, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство доби донација од компанијата „Жито Лукс“. Донирани беа производи кои се дел од асортиманот на компанијата, наменети за поддршка на активностите и дејноста на Мрежата.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство се состои од повеќе граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, со цел признавање и унапредување на човековите права на жените во нашата држава.

„Мрежата веќе 10 години се бори против насилството врз жените и семејното насилство. Секојдневно сме во контакт со жени и деца кои се жртви на различен вид насилства. Овие личности се многу кревки и ранливи и секој вид помош е повеќе од добредојдена. Благодарни сме на „Жито Лукс“ за нивната донација. Во нашето општество многу е важно да се подигне свеста за насилството врз жените и семејното насилство бидејќи ова сѐ уште претставува проблем на кој треба сѐ повеќе да се работи. Поддршката и помошта што ја добиваме како организација е неопходна за да се даде до знаење на жртвите дека не се сами и дека има излез. Особено во овој кризен период, за време на пандемијата кога навистина е зголемен бројот на жени кои бараат помош за себе и за своите деца“ – велат од Мрежата.

Поврзани вести

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

msp-admin

ЕК предлага директива која треба да обезбеди еднакви плати за жените и мажите

Влатко Зорба

Наскоро ќе може да заработите многу повеќе на Инстаграм

Влатко Зорба