СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕК предлага директива која треба да обезбеди еднакви плати за жените и мажите

Европската комисија денес претстави предлог директива за транспарентност на платите, која треба да обезбеди мажите и жените да бидат платени еднакво за еднаква работа.

„Еднаквата работа заслужува еднаква плата, а еднаквоста на платата бара транспарентност. Жените треба да знаат дали работодавците се однесуваат фер кон нив. Ако мислат дека им се прави неправда, треба да можат да се борат за она што го заслужуваат“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.

Според предлогот на Комисијата, работодавачите ќе треба да им дадат на кандидатите за вработување информации за почетната плата или можниот опсег на почетна плата во огласот за слободно работно место или пред интервјуто за работа. Работодавачите нема да смеат да ги прашуваат кандидатите за нивните претходни плати.

Транспарентност на работодавачите

Работодавачите со најмалку 250 вработени ќе треба да објавуваат информации за разликата во платите помеѓу нивните работници и работнички. За внатрешни потреби, тие исто така треба да објавуваат информации за разликата во платите помеѓу работниците и работничките расчленети по категории работници кои работат еднаква работа или работа со еднаква вредност.

Доколку извештајот за плата открие родова разлика од најмалку 5 отсто, работодавачите кои не можат да ја оправдаат таквата разлика од објективни причини независни од полот, ќе треба да спроведат проценка на платата во соработка со претставниците на работниците.

Предлогот за директива предвидува и подобар пристап до правдата за жртвите на дискриминација во платите. Оние кои претрпеле дискриминација во платата може да добијат надомест, вклучувајќи ретроактивен надоместок на плата и поврзани бонуси или исплати во натура. Товарот на докажување дека нема дискриминација во платата ќе биде на работодавачот, а не на работникот. Земјите-членки треба да предвидат специфични санкции за кршење на правилото за еднаква плата, вклучително и минимални нивоа на казни.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во четвртокот ги повика компаниите да им понудат повеќе лидерски позиции на жените.

Според Европската комисија, помалку од седум отсто од жените имаат водечки позиции во големите компании.

Поврзани вести

Словенија, Хрватска и Италија размислуваат за поврзување на пристаништата Копер, Трст и Ријека

Влатко Зорба

Карипските земји продаваат државјанство со попуст

msp-admin

LG се повлече од смартфон пазарот

Влатко Зорба