СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Новоматик“: Згрозени сме од леснотијата со која Коцевски изнесува обвинувања за наводна проституција во нашите објекти

„Згрозени сме од леснотијата со која градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски изнесува обвинувања за наводна проституција која според неговите тврдења се организирала во нашите објекти. Ние сме претставници на инвеститори од земји членки на ЕУ, каде работат и сопруги и мајки, и ширењето на вакви лаги може да предизвикаат семејни неприлики за нашите вработени, кои очигледно се цел на приземна негативна кампања која нема никаква врска со реалноста. Истовремено, ова претставува сериозен напад и кон угледот на нашата компанија, бидејќи неосновано сме обвинети за незаконски дејствија. Затоа, ги повикуваме надлежните институции веднаш да ги преземат сите неопходни дејствија со кои во најкус можен рок ќе ги расчистат овие дрски обвинувања и јавно ќе ги објават резултатите од извршената контрола“, реагираат од „Новоматик“ групацијата.

„Групацијата Новоматик Македонија ќе ги информира меѓународните претставници во земјата за начинот на кој се третираат странски инвестиции. Бараме од г-динот Коцевски друг пат пред да изнесува разговори со станари со вакви сериозни обвинувања, добро да размисли за последиците врз човечките судбини, кои може да ги предизвикаат ваквите напади врз нечија чест и углед. Тој не е од вчера во политиката за да не може да ја измери тежината на јавно искажаната клевета од градоначалник избран на непосредни избори. Еве, ја користиме приликата да го поканиме да биде наш посетител и лично да се увери дека игрите на среќа се спроведуваат по сите највисоки светски стандарди и се е 100% законски! Очекуваме овој демант да биде објавен веднаш, во спротивно го задржуваме правото да ги преземеме сите неопходни правни дејствија за да ги заштитиме правата на нашите вработени и компанијата“, се вели во реакцијата.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски извести дека испратил барање до МВР да ги испита информациите кои гиима добиено од страна на жителите од градот дека во одредени населби, има проституција на јавен простор.

„Имав средба со граѓани кои што живаат во Чешелот, тие реагираат на неподносливите услови за живеење во текот на ноќните часови кои ги предизвикуваат незадоволните коцкари кои ги користат машините во казината кои се наоѓаат во поранешната Стоковна куќа. Беше изнесено дека дури има и проституција на јавен простор, што за мене беше вознемирувачка информација. Има поплаки заради големата галама што се прави во ноќните часови, што им го загрозува квалитетот на живење на граѓаните кои што живеат во зградите на фонтаната и кружниот тек во нова населба “, изјави Коцевски.

Тој додаде дека испратиле порака до МВР во текот на ноќните часови да прават засилени контроли на овие места, кај што најчесто се собраат младите.

Поврзани вести

Кога големите економии ќе закрепнат на нивото пред корона-кризата? (инфографик)

Влатко Зорба

„Алибаба“ казнети со 2,8 милијарди долари заради монопол

Влатко Зорба

Енергетската транзиција може да ја промени геополитичката карта на светот

Влатко Зорба