СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

O2 и Vodafone договорија делење на спектарот по завршувањето на аукцијата на Ofcom

O2 и Vodafone се согласија на договор за размена на мрежните опсези, за кој тврдат дека „ќе создаде поефикасни блокови на 5G спектарот“.

Зделката беше објавена како дел од последната фаза на најновата аукција на Ofcom спектарот, на која O2 и Vodafone – заедно со ЕЕ и Three – стекнаа спектар во опсези од 700 MHz и 3,6-3,8 GHz, за 1,4 милијарди фунти.

Во текот на следната фаза на доделување, која заврши оваа недела, четирите компании лицитираа за специфичните позиции на фреквенции, кои ги преферираа за овие бранови.

Основната зделка што беше договорена во текот на оваа фаза, значи дека O2 и Vodafone создаваат непрекинат блок од 80Mhz за О2, заедно со блоковите на Vodafone во вкупен спектар од 90MHz.

На О2 му беше доделена лиценца од Ofcom за блокови на спектарот, кои ги покриваат опсезите од 703-713 MHz, 758-768 MHz и 3760-3800 MHz, за 448 милиони фунти. Тие се согласија да ги споделат со Vodafone, кој доби лиценца за 3720-3760 MHz по цена од 176,4 милиони фунти.

Извршниот директор на Vodafone, Ахмед Есам рече дека договорот значи дека неговата компанија го има „најдобриот можен спектар да продолжи да им пружа на своите клиенти брза и сигурна 5G услуга и да отвора неверојатни нови можности за корпоративните клиенти“.

Оптимизирана употреба на спектарот

Телекомуникацискиот оператор EE, кој беше најголем потрошувач на аукцијата, инвестираше 452 милиони фунти за да ја добие лиценцата за блокови на спектарот што ги покриваат 723-733 MHz, 778-788 MHz; 738-758 MHz и 3680-3720 MHz.

Конечно, Three сега има лиценца за 713-723 MHz и 768-778 MHz, победувајќи на наддавањата за вкупно 280 милиони фунти.

Филип Марник, директор на групата за спектар во Ofcom, изјави: „Сега кога аукцијата е завршена, компаниите можат да ги користат овие брановите за брзо воведување на подобри мобилни услуги за луѓето низ Велика Британија.

„Овој дополнителен спектар ќе го поддржи и тековното лансирање на новите 5G врски за луѓето и бизнисите. Важно е дека понудувачите ќе имаат и флексибилност да вршат размени, така што можат да ја оптимизираат употребата на спектарот што го освоиле на аукцијата, со своите постоечки бранови“.

Поврзани вести

Apple ќе произведува и дистрибуира неделно еден милион визири за медицински професионалци

msp-admin

Германија одобри 500 милиони евра за обуки на работните места

msp-admin

VW ќе го трансформира овој е-ѕвер од концепт во масовно производство за само 2 години

msp-admin