СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Porsche инвестира уште 70 милиони евра во Rimac Automobile и го зголеми уделот на 24%

Porsche дополнително ги зголеми своите инвестиции во Rimac Automobile, зголемувајќи го својот удел во компанијата на 24%. Со првичната инвестиција во 2018 година, Porsche се стекна со 10% од акциите на Rimac Automobilie и го зголеми на 15,5% во 2019 година.
Најновата инвестиција ја зајакнува позицијата на Rimac како компанија специјализирана за развој на технологија и производство на клучни системи за пазарот со електрични возила со високи перформанси.

Од првата инвестиција на Porsche во 2018 година, тимот на Rimac двојно се зголеми на скоро 1.000 вработени, а хрватската технолошка компанија продолжи да развива и произведува системи за електричен погон, батерии, системи за инфо-забава и други компоненти поврзани со електрификација за многу производители на автомобили. Rimac сега работи со водечки производители на автомобили, вклучувајќи ги Hyundai, Kia, Porsche, Aston Martin, Pininfarina Cars, Koenigsegg и многу други.

„Porsche ни беше голема поддршка од 2018 година и отсекогаш ни беше чест да имаме толку силна соработка со еден од најзначајните и најнапредни производители на спортски и премиум автомобили. Горди сме што соработуваме на нови возбудливи проекти со Porsche и фактот дека нивната доверба во Rimac резултираше со неколку круга инвестиции, што го прави Porsche важен акционер на нашата компанија”; изјави Мате Римац, основач и извршен директор.

„Бидејќи многу производители на автомобили од целиот свет се наши клиенти, важно е и Porsche и Rimac да останат целосно независни. Нашите проекти и нашите акционери се и секогаш ќе бидат целосно одделни, што ни овозможува да ја задржиме доверливоста на информации на кои нашите партнери се потпираат и ни овозможуваат да продолжиме да работиме со многу производители на автомобили. Партнерството со Porsche им помага на Rimac да се развиваат и растат, што е корисно за сите наши клиенти“, додаде Римац.

„Мате Римац и неговиот тим се клучен партнер што може да не поддржи во развојот воопшто и конкретно во развојот на компонентите. Rimac е на добар пат да стане снабдувач од прв ред за Porsche и други производители на висока технологија“, рече Луц Мешке, Заменик претседател на Извршниот одбор и член на Извршниот одбор за финансии и ИТ во Porsche AG.

„Porsche веќе ги направи првите нарачки за Rimac да развие високоиновативни компоненти на сериите. И двајцата партнери имаат корист од оваа тесна соработка#, вели Мешке.

„Мате Римац нè инспирира со неговите иновативни идеи. На ист начин тој ја користи нашата експертиза во производството и методолошката експертиза во развојот. Се покажа дека нашата инвестиција во компанијата е правилна одлука. Вредноста на Rimac се множи од нашата првична инвестиција. Покрај тоа, компанијата се разви многу успешно технолошки“, нагласи Мешке.

За десет години, компанијата Rimac се пресели од гаражата на глобално ниво и оваа година ќе започне со испорака на втората генерација на своите електрични хиперавтомобили – Rimac C_Two. Клучните компоненти и системи за C_Two беа дизајнирани и произведени од тимот на Римац во Хрватска.

По многу години развој на виртуелно и реално тестирање и хомологација, C_Two ќе му се открие на светот за само неколку месеци, објави Rimac Automobile. C_Two, ограничен на само 150 единици, е достапен на клучните глобални пазари преку глобалната мрежа на трговски партнери на Rimac.

Во исто време, компанијата го проширува сериското производство на неговите компоненти што другите производители ги користат во подостапни модели на електрични и хибридни автомобили, објавија од Rimac.

Поврзани вести

Цените на угостителските услуги повисоки во октомври

msp-admin

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

msp-admin

Ако Faceboоk беше држава, ќе беше Северна Кореја

msp-admin