СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Њујорк: Црни денови за жолтите такси

Жолтите такси беа сеприсутни на улиците во Њујорк и дење и ноќе, како и неговите препознатливи симболи, како што се Емпаер Стејт Билдинг или бејзбол капите на Јенкис, но пандемијата ги „проретчи“ на улиците на Големото јаболко и ја доведе во прашање нивната иднина.

Во раните и студени утрински часови на паркингот покрај аеродромот Ла Гвардија, педесетина такси трпеливо чекаат во ред за патник. Пред пандемијата, вели 65-годишниот њујоршки таксист Џои Оливо, имало стотици. Тој додава дека сега има многу пати помалку и наместо претходните дваесет минути, клиентите чекаат два часа.

Работата од дома и ограничувањата за патување им нанесуваат големи загуби на возачите на такси. „Тоа е прилично лошо. Мојот приход падна за 80 проценти. Заработував можеби илјада долари неделно, а сега околу двесте“, рече тој.

Њујоршките таксисти, претежно имигранти од прва генерација, можеа да заработат до 7.000 долари месечно доколку возат седум дена во неделата.

Конкуренцијата од Uber, Lyft и други слични компании веќе драстично ги разниша нивните приходи, но со пандемијата тоа се претвори во „слободен пад“, вели 62-годишниот таксист Ричард Чоу, роден во Мјанмар.

Со него се согласува и Баирави Десаи, водачот на синдикатот на професионални таксисти од Њујорк, додавајќи дека „пандемијата едноставно е разорна“. Тој вели дека пред пандемијата падот на бројот на патници бил околу 50 проценти, а сега е близу 90 проценти.

Во Њујорк има 13.000 лиценцирани таксисти, но во моментов, според податоците на синдикатот, околу 5.000 возат редовно. Другите не ги напуштаат гаражите затоа што не им се исплати. Многумина сè уште продолжуваат да возат иако нивната дневна заработка едвај достигнува 150 американски долари. Тие ја делат сумата со компанија која им изнајмува возило затоа што мораат да ги хранат своите семејства.

Може ли жолтите такси да исчезнат од улиците на Њујорк во догледно време? Оливо верува дека бизнисот ќе започне одново, но никогаш повеќе нема да биде исто. Многу возачи стравуваат дека жолтите такси-возила постепено ќе исчезнат доколку владата не ги избрише натрупаните долгови на возачите. Тие сметаат дека не треба да се дозволува пропаст затоа што жолтите такси во Њујорк се како „икони, тие се дел од економското, социјалното и културното ткиво на градот“.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио вети дека ќе им помогне на таксистите доколку градот, кој е исто така економски уништен од пандемијата, ја добие ветената федерална помош.

Поврзани вести

Стапката на невработеност во САД падна на 13,3 проценти во мај

msp-admin

Едноставна идеја која денес тежи 100 милијарди евра

msp-admin

Google го даде петок како слободен ден: Продолжен викенд за намалување на напнатоста!

msp-admin