СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ОКТА донираше пречистувачи на воздух на Детската клиника во Скопје

Компанијата ОКТА заедно со своите вработени донираше пречистувачи на воздух на Клиниката за детски болести во Скопје преку организирање еко акција за собирање електричен и електронски отпад. Еколошката активноста што се спроведе во месец март годинава, пред почетокот на кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, имаше за цел да ја подигне свеста за правилно ракување со електричен и електронски отпад, а во исто време да се подобрат условите на хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести во Скопје.

За поефикасно собирање на ситниот отпад, на неколку локации во кругот на ОКТА беа поставени специјални кутии, додека големите уреди беа подигнати од домовите на вработените. Средствата добиени како возврат за собраниот отпад се искористија за набавка на пречистувачи на воздух кои компанијата денеска ги донираше на Одделот за онкологија при Клиниката за детски болести во Скопје.

Акцијата за селектирање и собирање отпад, ОКТА ја спроведе во координација и соработка со Нула Отпад, овластен колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема.

Оваа активноста се спроведе во согласност со стратегијата за општествена одговорност на ОКТА и е дел од заложбите на компанијата за заштита на животната средина и поддршка на заедницата.

Поврзани вести

Деспотовски: Инициравме креирање на регионален Фонд за иновации со кој ќе се искористи потенцијалот на регионалниот пазар

msp-admin

„Verizon“ ги продава Yahoo и AOL за 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

ОИЕ ги намалуваат емисиите, но создаваат и проблеми со животната средина

Влатко Зорба