СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ОПЕК + не се откажува од постепеното зголемување на производството од 1 мај

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, групата наречена ОПЕК +, ќе останат на одлуката за постепено зголемување на производството на нафта од 1 мај, соопштија четири извори од алијансата.

Групата се откажа од плановите да одржи министерски состанок денес, според изворите на британската агенција Ројтерс, по вчерашната седница на министри кои се членови на панелот за следење на движењата на пазарот на нафта.

Министерот за нафта на Кувајт, Мохамед Абдулатиф ал-Фарес, изјави пред почетокот на сесијата дека спроведувањето на вакцинацијата против Ковид-19 и усвојувањето пакет економски стимуланси во водечките економии – има „значително подобрување“ во глобалната побарувачка за сурова нафта.

– Политиката на ОПЕК е да дејствува внимателно, следејќи ги најновите случувања на пазарот – рече тој, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на кувајтската новинска агенција КУНА.

Фјучерсната цена на американската нафта WTI за испорака во јуни порасна по информациите од состанокот на ОПЕК +, за 51 цент или 0,8 проценти, на 62,42 долари за барел на берзата во Њујорк. Северноморската сурова нафта „брент“ зајакна 36 центи, или 0,6 отсто, на 66,01 долари за барел на ICE Futures Europe.

Поврзани вести

Дизелот поевтинува за еден, а бензините за пола денар

msp-admin

Мерцедес веќе врши испорачка на возила до пред врата

msp-admin

Русија и понуди на Финска технологија за производство на Спутник V со цел влез на ЕУ пазарот

Влатко Зорба