СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Организацијата на потрошувачите на Македонија е против покачување на електричната енергија од 7,4 проценти

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) е против покачувањето на електричната енергија од 7,4 проценти која ја утврди Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги, бидејќи, според нив, доаѓа во време кога граѓаните се најтешко погодени од корона кризата.

– Во настанатата кризна ситуација за голем број потрошувачи не се доведува во прашање само нивното здравје, туку и нивната економска безбедност, од причина што голем дел од нив ги загубија своите работни места или им се намалија приходите. Пресметките за покачување на цената на електричната енергија треба пред се да се засноваат на потребата од намалување на оперативните и фиксните трошоци на енергетските компании кои потрошувачите не треба да ги субвенционираат за тие да продолжат да работат неефикасно, се вели во соопштението од ОПМ.

Регулаторната комисија, сметаат од Организацијата на потрошувачите на Македонија, требаше да спроведе стручна дебата со сите заинтересирани страни па дури потоа да предложи соодветно решение кое нема да биде на штета на граѓаните преку покачувањето на струјата на ваков начин, ненадејно и без соодветни консултации.

Поврзани вести

Дали „Амазон“ ќе ги шпионира сите што го критикуваат?

msp-admin

Трговската размена меѓу Русија и ЕУ намалена за петтина во 2020 година

Влатко Зорба

Истражување: Долгорочната невработеност во еврозоната ќе се зголеми во 2021 година

Влатко Зорба