СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Почна со работа новата платформа Кооперација

Почна со работа новата платформа за споделување на ставови, авторски текстови и слики, kooperacija.mk.

Идејата на Кооперација е да им даде платформа на авторите, преку која ќе може да допрат до поширока публика, а на читателите да им понуди квалитетна содржина на едно место. На веб платформата секојдневно може да се најде нова содржина, која ја креираат дваесетина автори. Секој член има свој профил, кој самостојно го уредува, без уредништво, цензура или насоки за содржината и стилот. Уредничката улога на kooperacija.mk е во изборот на нејзините членови, кој не е случаен. Тимот на автори е составен од луѓе со различни стилови на креирање и сфери на интерес, за да се понуди побогата и поразновидна содржина за посетителите на платформата.

Платформата нуди едноставен начин на креирање и уредување на постови и нуди многу можности за постирање, текстуални постови, слики, видеа, линкови од надворешни страни, вградување на постови од социјални мрежи, квизови и анкети. Целиот процес се одвива во неколку добро објаснети чекори. Интерактивноста со читателите е врз основа на гласање за постови, реакции, коментари.

Поврзани вести

Еден отсто од Британците поседуваат четвртина од вкупното богатство на земјата

Влатко Зорба

Huawei ќе развива паметни патишта

Влатко Зорба

Најниска цена како критериум за јавните набавки е проблем за компаниите

msp-admin