СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Зошто најбогатиот човек на светот секогаш размислува три години напред?

Како најбогат човек на светот, Џеф Безос можеби не е тој што си прави новогодишни резолуции, особено кога станува збор за водење на неговата компанија „Амазон“. Ова е затоа што тој секогаш размислува на тригодишен хоризонт и носи само по неколку добри одлуки на ден.

Во новата книга наречена „Invent & Wander: The Collected Writings of Jeff Bezos,“, тој вели дека тој и раководните лица на неговата компанија секогаш работат „во иднина“.

„Кога успешно го завршив разговорот со аналитичарите на Волстрит, откако излегоа кварталните резултати на компанијата, луѓето ме запреа и ми честитаа за успешниот квартал. Им благодарам, но всушност мислам дека овој квартал беше подготвен пред три години“, вели Безос.

На пример, Безос и неговиот тим во моментов работат на квартал „што ќе се материјализира во одреден момент во 2023 година“, се вели во книгата.

„Тоа е она што треба да го правите“, рече Безос, „кога водите компанија со пазарна капитализација поголема од 1 трилион долари како „Амазон“. Овој долгорочен пристап кон размислувањето им помага на компаниите да се фокусираат на планирање и во што да ја вложат својата енергија, изјави Безос во 2017 година.

Како извршен директор, за Безос од суштинско значење е да се носат само неколку одлуки на ден.
„За што навистина ви се плаќа како извршен директор? Ви се плаќа, за да донесете мал број на квалитетни одлуки“, вели тој.

56-годишниот Безос вели дека ако донесам „три добри одлуки на ден, доволно е и тие треба да бидат со највисок можен квалитет“.

Работите изгледаа поинаку во средината на 1990-тите, кога „Амазон“ беше стартап, рече тој. Во тој период, Безос мораше да донесува стотици одлуки дневно, дури и лично да пакува пратки и да ги доставува до поштата, пишува „CNBC“.

Сепак, работите се променија брзо кога „Амазон“ стана јавно претпријатие во 1997 година, а нејзините вработени се зголемија од 158 на 614 истата година. Денес, „Амазон“ има над 1 милион вработени ширум светот.

За да донесе добри одлуки, Безос имитира друг милијардер.

„Ворен Бафет вели дека е во ред да носиш три добри одлуки годишно, и јас навистина верувам во тоа“, рече Безос.

Поврзани вести

Економијата на Ирска расте побрзо од кинеската

Влатко Зорба

Ralph Lauren ќе произведува медицински маски и наметки, донира и 10 милиони долари

msp-admin

Арсовска: Доколку веднаш не им се помогне на компаниите, нема да останат компании кои понатаму ќе генерираат средства во буџетот

msp-admin