СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои акции доминираа на берзата во вториот квартал?

Топ три најтргувани акции на официјалниот пазар во вториот квартал остануваат акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, стои во Кварталниот извештај на Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

“Доминацијата на трите акции дополнително ја потврдува и високата збирна концентрација на прометот со овие три акции, која во вториот квартал достигна учество од 71% во вкупниот квартален промет на официјален пазар и во споредба со првиот квартал од оваа година, бележи зголемување за два процентни поени“, нотира КХВ.

Вкупниот промет реализиран со 10-те најтргувани акции на официјален пазар (без блокови) во вториот квартал 2020 година изнесува 1,193 милиони денари и претставува 96% од вкупниот квартален промет остварен на официјален пазар, односно 71% од вкупниот промет реализиран на сите пазари (1.677 милиони денари или околу 27,3 милиони евра). Овој промет е реализиран преку 5.126 класични трансакции, што претставува 92% од вкупните класични трансакции на официјален пазар.

Овие 5.126-те класични трансакции со 10-те најтргувани акции на официјален пазар претставуваат дури 90% од вкупниот број на трансакции (вкупно 5.677 трансакции – блок и класични трансакции) реализирани во вториот квартал 2020 година. Во периодот април – јуни од 2020 година, на официјалниот пазар, најтргувани беа акциите издадени од Комерцијална банка АД Скопје , со вкупен промет од 515.524.728 денари (околу 8,3 милиони евра), потоа следат акциите издадени од Алкалоид АД Скопје со вкупен промет од 220,82 милиони денари (околу 3,6 милиони евра), па акциите на Макпетрол АД Скопје со вкупен промет од 143,82 милиони денари (околу 2,4 милиони евра) и на крајот акциите на Гранит Скопје со вкупен квартален промет од 123,97 милиони денари (околу 2,01 милиони евра).

Податоците за пазарната капитализација на десетте најтргувани акции на официјален пазар во вториот квартал од оваа година, покажуваат раст од околу 14% во однос на пазарната капитализација постигната на последниот ден на тргување во првиот квартал, што делумно го неутрализираат падот од околу 22% регистриран во првиот квартал во споредба со последниот квартал од претходната година. Па така, пазарната капитализација на десетте најтргувани хартии од вредност на ден 30.06.2020 на Македонска берза АД Скопје бележи пад од околу 11% во однос на постигнатата на последниот ден на тргување од 2019 година.

Анализирано по издавачи, најголем раст бележат акциите на Макпетрол, чија пазарна капитализација на последниот ден на тргувањето во вториот квартал 2020 година е за 28,72% повисока, како и акциите на Алкалоид чија пазарна капитализација бележи раст од 22,68%, споредбено со нивната вредност постигната на крајот на првиот квартал 2020 година. Меѓутоа, во споредба со последниот квартал од 2019 година, со исклучок на акциите на Алкалоид ( каде што се забележува дека пазарната капитализација е скоро изедначена со постигнатата на последниот ден на тргување од 2019 година, односно е за 0,4% повисока), кај сите останати топ 10 акции е регистриран пад којшто се движи во распон од -7% до -31,25%.

Поврзани вести

IQOSот излезе на пазарот во САД со дозвола од Управата за храна и лекови

msp-admin

НЛБ Банка донираше 50 илјади евра за поддршка на МЗ и Инфективна

msp-admin

Делови од ракетата „Фалкон 9“ завршија на фарма

Влатко Зорба