СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Западен Балкан мора да го сопре задолжувањето

Поради пандемијата на коронавирус, земјите од Западен Балкан се повеќе се задолжуваат. По борбата против директното влијание на кризата, земјите ќе треба да постигнат баланс помеѓу поддршката на економското закрепнување и фискалната одржливост, се вели во најновиот извештај на Светската банка.

Сите земји од Западен Балкан влегоа во криза предизвикана од коронавирусот со повисоки износи на јавен долг отколку што беше случајот пред глобалната финансиска криза во 2009 година, што го ограничи нивниот избор на опции за фискална реакција и ги направи поосетливи, јавува Bankar.me.

Фискалната политика е клучна за реагирање на пандемијата. Сите земји од Западен Балкан ги воведоа потребните мерки за ублажување на непосредното влијание на кризата, но нивната ефикасност зависи и од степенот до кој тие се прилагодени на конкретниот контекст во секоја од овие земји, се вели во извештајот.

Потребата за задолжување расте нагло, како резултат на што идните плаќања на камати ќе се зголемат во целиот Западен Балкан, и тоа во услови на зголемен фискален дефицит и јавен долг и намалена достапност на средства на финансиските пазари.

По периодот на справување со непосредното влијание на кризата, мерките за фискална политика ќе треба да постигнат деликатен баланс помеѓу поддршката на економското закрепнување и грижа за фискална одржливост.

Поврзани вести

Безос го задржа врвот на „Форбс“ листата на светски милијардери (ВИДЕО)

Бектеши: Вкупно 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата

Никола Поповски

Бектеши: Оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата

msp-admin