СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пола од вработените во Facebook не веруваат дека компанијата има позитивно влијание на светот

Вкупно 49% од вработените во Facebook сметаат дека нивната компанија има негативно влијание на глобално ниво, додека 51% се уверени во спротивното, покажува интерното полугодишно истражување Pulse survey.

Во истражувањето, што го анализира Buzzfeed, учествувале 49.000 вработени во Facebook.

Вработените сметаат дека ја губат довербата во Facebook, посебно поради затворање на канцелариите во услови на пандемија и сметаат дека нивната компанија не настојува да го направи светот подобро место за живот.

Еден доскорешен вработен во Facеbook, откако добил отказ рекол дека компанијата профитира од говор на омраза, додека друг отпуштен вработен напишал цел извештај за тоа како Facebook дозволува и се занимава со глобална политичка манипулација.

Поврзани вести

ФИТР: 66 домашни компании во финална селекција за проекти за технолошки развој

msp-admin

Сугарески: Граѓаните да не купуваат или резервираат авиобилети

msp-admin

СТО ја зголеми проценката за растот на светската трговија, сè зависи од вакцинацијата

Влатко Зорба