СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Помпео: Поради однесувањето на Кина, државите ќе размислат за Хуавеи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека улогата на Кина во глобалната пандемија на коронавирусот веројатно ќе ги принуди државите да ја преиспитаат својата телекомуникациска инфраструктура, вклучително и усвојување на кинеската Хуавеи 5G мрежа.

На прашањето за употребата на Хуавеи и 5G, Помпео во интервју за „Фокс Бизнис“ рече дека е многу уверен оти овој момент, во кој Комунистичката партија на Кина не била транспарентна и отворена и не постапувала со податоците на соодветен начин, ќе предизвика многу земји да го преиспитаат она што го направиле во врска со нивната телекомуникациска архитектура.

– А кога Хуавеи ќе им затропа за да им продаде опрема и хардвер, тие ќе имаат поинаква призма преку која ја гледаат таа одлука, истакна Помпео.

Поврзани вести

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последната година

Влатко Зорба

Кина за 3 пати го зголеми производството на вакцини од почетокот на февруари

Влатко Зорба

Еуростандард нема обврски кон Комерцијална банка

msp-admin