СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Преживеаните од холокаустот бараат од Закерберг построги мерки на Фејсбук

Поранешните преживеани од холокаустот ширум светот ги здружија силите денес во кампања со барање првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг да преземе мерки за отстранување на негирањето на геноцидот извршен од нацистите од страниците на таа социјална мрежа.

Кампањата #NoDeniingIt # бара од Закерберг да ги отстрани од таа социјална мрежа оние групи што го негираат холокаустот, како и страниците и објавите што содржат говор на омраза, пренесува „АП“.

Исто така се бара ваквите објави, фотографии и видеа да бидат отстранети од Инстаграм.

Закерберг се налути на многумина кога во 2018 година изјави дека мислењата што го негираат холокаустот не мора да бидат отстранети и дека сè додека не повикуваат на насилство и не прават штета, можат да бидат заштитени.

По протестот, Закерберг, кој исто така е и Евреин, објасни дека, иако тој лично го сметал „негирањето на холокаустот за длабоко навредливо“, тој верувал дека „најдобриот начин за борба против навредливиот говор е… добар говор“.

„Во Германија или Австрија, луѓето одат во затвор ако го негираат холокаустот“, рече еден преживеан, прашувајќи се како некој може да се сомнева во тоа.

Фејсбук во изјава соопшти дека ги отстранува постовите што го негираат холокаустот во земји каде што е нелегално, како што се Германија, Франција и Полска, додека во земји каде не станува збор за прекршок, како што се САД и Велика Британија, внимателно се следи за да се утврди дали ја преминува линијата на дозволеното.

На почетокот на јули, повеќе од 500 компании започнаа да избегнуваат рекламирање на Фејсбук со цел да ја принудат компанијата да заземе посилен став против говорот на омраза.

Поврзани вести

Доми комплет – продукт од Еуролинк осигурување што ви овозможува безгрижност секој ден

msp-admin

Менаџерскиот тим на САСА, донесе одлука за ново зголемување на платите

msp-admin

Русија го намали производството и извозот на нафта

Влатко Зорба