Просечната нето-плата во јуни 2020 година, повисока за 1.662 денари во однос на истиот месец лани. Растот на просечната плата продолжува и покрај коронакризата, соопшти екс министерката Нина Ангеловска на својот ФБ профил.
Просечната исплатена нето-плата во јуни е повисока и за 447 денари во однос на мај 2020
Од почетокот на Ковид-19 кризата Владата презема повеќе мерки за зачувување на работните места и одржување на нивото на платите.
Во јуни:
* Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за месец јуни со милијарда денари поддржани се 15.326 фирми за исплата на плати на 73.381 вработени
* Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за самостојни вршители на дејност со 84,7 милиони денари поддржани се 5.838 лица во јуни
* Со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна во јуни поддржани се 2.101 фирма
Со овие мерки, покрај поддршката за задржување на рабтните места и платата, се инјектираат и средства во економијата со цел поттикнување на економската активност, додава таа.