Првиот комерцијален лет на Боинг 737 МАКС во последните 20 месеци беше извршен денес без никакви проблеми, а авионот слета во Порто Алегре на југот на Бразил.
Според новинарите на АФП, кои биле во авионот, авионот слетал по 1,5 час лет, а со него управувала компанијата „Гол“ од Сао Паоло.
Направени се модификации во авионот и извршени се бројни тестови по две несреќи во кои загинаа 346 лица во 2018 и 2019 година, што предизвика голема криза во Боинг.