СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пуштена првата светска дигитална валута во светот

Банката на Литванија (ЛЦБ) ја издаде својата дигитална колекторска монета LBCOIN.

„Врз основа на најнапредните ИТ решенија, ова не се само првите дигитални пари издадени од централната банка во еврозоната, туку и во целиот свет“, велат од ЛЦБ.

LBCOIN е посветен на Литванскиот акт за независност од 1918 година и 20 од неговите потписнички, пренесува SEEbiz.

Претседателот на Управниот одбор на ЛЦБ, Витас Василиаускас, во соопштението за печатот рече дека дигиталните пари се одличен приказ на она што го постигнале за само неколку години, по стратешката одлука да се тргнат на цврст пат кон финансиска и иновативна исплата.

„Тој служи како мост што ги поврзува класичната нумизматика и брзото развивање на финансиските технологии. Не се сомневам дека LBCOIN ќе ја зајакне улогата на Литванија како регионален финтек центар“, рече Василиаускас.

Поврзани вести

Јавен долг од над 12.000 милијарди долари: Која земја е најзадолжена во светот?

Влатко Зорба

Водафон Германија со својата 5G мрежа опфаќа 10 милиони луѓе

msp-admin

Ќе се одземаат лиценци на бензиски ако точат неквалитетни горива

Влатко Зорба