СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Резултатите на JPMorgan се подобри од очекуваните

Кварталната сезона на објавување деловни резултати беше отворена во петокот. Прво, резултатите ги објавија банкарските гиганти.

За JPMorgan Chase последниот квартал беше рекорден, бидејќи беше остварен профит од 12,1 милијарди долари (главно се должи на бумот во банкарството за инвестиции).

Сепак, акциите се „лизнаа“ за 1,6 проценти во петокот, бидејќи очигледно сите добри вести веќе беа вградени во цената, што е сè уште скоро десет проценти повисока отколку на 1 јануари 2021 година.

Банката оствари профит од 12,1 милијарди долари или 3,79 долари по акција, со приход од 30,2 милијарди долари. Аналитичарите очекуваа дека банката ќе објави заработка од 2,62 $ по акција со приход од 28,7 милијарди, според FactSet.

Податоците за четвртиот квартал на JPMorgan, исто така, ги надминаа оние од истиот квартал една година порано, кога заработката беше 2,57 долари по акција со 29,2 милијарди долари приход.

Поврзани вести

КОВИД КАКО ПОДАРОК ​​ОД НЕБО: Заработката на „Морган Стенли“ во 2020 година се зголеми за 50%!

Влатко Зорба

Младите истражувачи поддржани од ФИТР изработија беспилотно летало со примена во земјоделие и шумарство

msp-admin

Почнува со работа Cafe Literatura

msp-admin