„Блокирањето на руската содржина од страна на американските ИТ компании има само една цел, употреба на информации и технолошки можности за нелојална конкуренција во сите сфери“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Според неа, американските дигитални компании одлучиле на свој начин да одбележат уште една годишнина од обединувањето на Крим и Русија.
„Прво, „Гугл“ произволно воведе старосна граница на документарниот филм „Крим: Враќање дома“ на Андреј Кондрашов на YouTube затоа што наводно содржи сцени на насилство. Ним им требаа пет години за конечно да сфатат за што да се фатат“, напиша Захарова на Фејсбук.
Потоа, Инстаграм, додава таа, делумно ја блокираше телевизијата „Крим 24“, лишувајќи ја од можноста да објавува текстуална содржина покрај фотографиите.
„Платформите излегоа од контрола. Тука веќе не станува збор за политичките активности на американските ИТ компании кои ги следат упатствата на Вашингтон. Ситуацијата е посложена. Во принцип, тие немаат општи стандарди за управување. Тоа е значаен и технолошки ќор-сокак “, посочува портпаролката.
Според неа, дигиталната содржина е произволно и неселективно цензурирана од некои модератори без судска одлука или надлежен орган.
„Колку повеќе модераторите ги отстрануваат и цензурираат материјалите на Интернет кои се несоодветни од политичка гледна точка, толку побрзите и построги регулаторни ограничувања ќе бидат воведени во работењето на платформите ширум светот. И, само монополот на Интернет ќе биде виновен за оваа болна тенденција“, наведува Захарова.
„Рестриктивните мерки што тие ги воведуваат имаат екстериторијален карактер и се косат со меѓународните обврски на Вашингтон во областа на обезбедување на слобода на говор и изразување“, прецизира портпаролката.
„Особено, тие го кршат правото на граѓаните за слободно пребарување, добивање и ширење на информации обезбедени од Меѓународниот пакт за политички и граѓански права, на кои Америка е потписник“, потсети таа.
Да потсетиме, Јутјуб го ограничи пристапот до документарниот филм „Крим: Враќање дома“, а таквиот потег, според авторот на филмот Андреј Кондрашов, е поврзан со претстојната годишнина од обединувањето на Крим со Русија.
Во филмот, кој се снимаше осум месеци на десетина места на Крим, рускиот претседател Владимир Путин, како и актерите на тие настани, откриваат детали за операциите што овозможиле да се избегне конфликтот во Донбас на Крим.
Филмот за прв пат беше прикажан во март 2015 година.