СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин вреди повеќе од 60.000 долари – раст од 80% од почетокот на годинава

Вредноста на биткоинот денес надмина 60.000 долари, со што ја надмина рекордната вредност на таа криптовалута.

Вредноста на биткоинот на платформата Бајнанс скокна на 5,77 проценти и достигна цена од 60.104 американски долари.

Од почетокот на оваа година, биткоинот порасна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност се зголеми за 570 проценти.

Неколку фактори придонесоа за нејзиниот вртоглав пораст, вклучително и зголемениот интерес на големите институционални инвеститори, како и инвестициите на корпорации како „Тесла“, „Сквер“ и „Мајкростратеџи“ во оваа криптовалута.

Биткоинот е криптовалута измислена од непозната личност или група луѓе во 2008 година, користејќи го името Сатоши Накамото.

Тоа е децентрализирана дигитална валута без централна банка или претседател, што може да се испрати од еден корисник на друг корисник директно, без посредници, преку мрежата биткоин.

Поврзани вести

Тесла со изненадувачки потег ја потврди својата посветеност на биткоинот

Влатко Зорба

Како да најдете алткоини со 100x потенцијал (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Coinbase го претстави новиот „Asset Hub“

Влатко Зорба