СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Руска централна банка: Тековни цени на нафтата се фер

Руската централна банка смета дека сегашните цени на нафтата се целосно фер, изјави првиот заменик претседател на Банката на Русија, Сергеј Швецов, на конференцијата наречена „Недела на серуска финансиска писменост 2021 година“.

„Не знам за иднината, но според нас, сегашната цена на нафтата е целосно фер, не сметаме дека е премногу ниска“, рече Швецов, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека денешните цени на нафтата ги надминуваат среднорочните предвидувања на Централната банка.

Во февруари, Банката на Русија ја подобри прогнозата за цените на уралската нафта за 2021 и 2022 година на 50 долари од 45 долари за барел, додека за 2023 година ја задржа проекцијата на 50 долари за барел.

Фјучерсите на нафтата за северноморската Брент се зголемија за 64,6 долари за барел при затворањето во петокот, што е за околу 5,0 проценти на дневно ниво. На тоа влијаеше инцидентот со заглавениот брод-контејнер „ЕверГрин“, кој ја блокираше навигацијата на Суецкиот канал, додава руската агенција.

Поврзани вести

Развојната банка ќе склучи договори со 476 компании за кредити од Ковид 1

msp-admin

Бајден го зголемува данокот на најбогатите Американци

Влатко Зорба

Германско трио ја престигнува Tesla: Светот ќе ги купува овие електрични возила?

Влатко Зорба