СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД: Отворени 1,8 милиони нови работни места во јули

Американските работодавци создадоа 1,8 милиони нето работни места во јули, значително помалку од јунскиот рекорд, покажаа податоците во Министерството за труд во петокот.

Министерството, исто така, малку ги ревидираше податоците за мај и јуни, кои покажуваат дека вкупно 4,79 и 2,75 милиони работни места се создадени нето во тие два месеци, соодветно.

Јуниската бројка е највисока од 1939 година кога владата започна да ги собира тие податоци.

Стапката на невработеност падна за 0,9 процентни поени во јули од јуни на 10,2 проценти. Вкупно 16,3 милиони Американци останаа без работа во јули, 1,4 милиони помалку отколку во јуни.

И покрај падот во изминатите три месеци, стапката на невработеност беше повисока за 6,7 процентни поени во јули отколку во февруари, пред избувнувањето. Бројот на невработени е поголем за 10,6 милиони отколку во вториот месец од оваа година, соопшти Министерството.

Приватниот сектор минатиот месец создаде вкупно 1,46 милиони нето работни места, а државната служба 301 илјади.

Главно вработуваше секторот за забава и угостителство, проследен од малопродажба, како и професионални и деловни услуги и здравствени услуги.

Извештајот исто така покажува дека просечната дневна плата во јули е практично непроменета од јуни на 29,39 долари.

Поврзани вести

Не очекувајте електричен автомобил од Ферари во скоро време

msp-admin

Руската Сбербанк се подготвува да пушти сопствена криптовалута до пролет

Влатко Зорба

Прво локално партнерство за вработување за креирање повеќе и подобри работни места

msp-admin