СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД воведува царини до 25% за извозни производи од Британија?

Соединетите Американски држави предупредија дека може да воведат царини до 25 проценти за многу извозни производи од Велика Британија како одговор на воведувањето британски данок за технолошките компании. Со евентуалните тарифи во САД се предвидува да се соберат 325 милиони американски долари, проценетата загуба на американските технолошки компании во Велика Британија.

Керамика, шминка, палта, конзоли за забава и мебел се наоѓаат на списокот што го објави администрацијата во Вашингтон, пренесе „BBC“. Владата на Велика Британија соопшти дека сака да „осигури дека технолошките компании плаќаат праведен даночен удел“, додавајќи дека ќе ги разгледа сите опции за одбрана на британските интереси и индустријата доколку е потребно.

САД го продолжуваат процесот инициран од претходната администрација, тврдејќи дека неодамна воведениот британски данок на дигитални услуги „има неразумни, дискриминаторски и оптоварувачки атрибути“. Соединетите држави започнаа слични мерки против слични даноци во Индија, Австрија и Шпанија.

Вашингтон врши политички притисок врз земјите што воведуваат такви даноци според член 301 од американскиот закон за трговија. Разговорите за даноци на дигитални услуги се одржаа во декември во Лондон и Вашингтон, а извори од британската влада потенцираа дека на тарифникот се гледа повеќе како на процедурално прашање.

Британската канцеларија за буџетска одговорност пресмета дека данокот на дигиталните услуги ќе донесе околу 300 милиони фунти на државната каса во тековната финансиска година, а 700 милиони во следните години. Во наредните недели се очекува да се одржат консултации во САД за царински давачки, по што ќе биде објавено дали ќе бидат воведени.

Поврзани вести

Кој е милијардерот кој тврди дека е сопственик на „палатата на Путин“?

Влатко Зорба

Daimler стана Mercedes-Benz и го подели својот бизнис на два дела

Влатко Зорба

Филип Морис Интернешнал со промена во лидерството на компанијата

msp-admin